Гледајте ВО ЖИВО: Турција – Македонија (ЛИНКОВИ)

Машката репрезентација на Македонија денеска го игра значајниот натпревар од квалификациите за ЕП 2024 година против незгодната селекција на Турција.

Репрезентацијата на Турција откако беше убедливо поразена во првото коло од Португалија денес ќе се обиде со сите сили да и се спротистави на Македонија и со евентуална победа да остане во игра за пласман на Европското првенство во Германија.

Селекторот на Македонија, Кире Лазаров веќе го одреди составот за дуелот против Турција, која за денешниот натпревар ќе биде посилна со членот на Охрид, средниот бек Халил Озтурк.

Натпреварот меѓу Турција и Македонија ќе започне со почеток од 16:00 часот, а може да го гледате ТУКА и ТУКА.

*доколку го следите натпреварот преку ЕХФ ТВ ќе ви биде потребна регистрација од неколку чекори