Гисласон: Знам како му е на Прокоп, но сум бил веќе во ваква ситуација

Репрезентацијата на Германија од четвртокот има нов тренер, а на позицијата селектор е поставен поранешниот стратег на Кил, Алфред Гисласон. Исланѓанецот доби одговорна задача и тој треба да го врати сјајот на Бундес тимот.

Тој го замени помладиот колега, Кристијан Прокоп, кој не успеа да се снајде на позицијата селектор така што го очекува многу тешка работа во следниот период.

„Навистина сум среќен што ќе ја водам репрезентацијата на Германија. Разбирам како се чувствува Прокоп, но веќе сум бил во ваква ситуација во кариерата. Слично беше и кога селекцијата на предводеше Дагур Сигурдсон. Во 2017 година разговарав за преземање на оваа функција, но тогаш имав догово со Кил. Никогаш не криев дека сакам да бидам главен тренер на Германија и тоа е работа од соништата“, вели Гисласон.

Доаѓа во многу тешки моменти кога репрезентацијата се подготвува за настап во квалификациите за Олимписките игри на кои е домаќин, па нема да биде воопшто лесно.

„Ги познавам момците. Јас 22 години работам во Бундес лигата. Имаме хомоген тим и нема да има промени. Не очекуваат квалификации во април. Ќе разговарам со сите играчи и очекувам да ја подобриме играта така што на следните натпревари да бидеме подобри“, коментираше Гисласон.

Инаку, квалификациите за Олимписките игри Германија ги игра во Берлин од 17 до 19 април, а во групата се и селекциите на Шведска, Словенија и Алжир.