Гигу ќе го следи Лазаров, в четврток ќе објави дали ќе игра уште една сезона

Капитенот на репрезентацијата на Франција, Мишел Гигу имаше план да се повлече од активното играње после Олимписките игри во Токио. Според „Лекип“, ветеранот од Франција има намера да одигра уште една сезона и потоа да се повлече од играњето.

Неговиот договор со тимот на Ним беше потпишан во 2019 година, а во него стоеше да игра две години и во следните две да биде советник на претседателот, Дејвид Тебиб.

Сепак, што ќе се случува ќе стане јасно в четврток за кога е закажана прес-конференција. Најавите се дека ќе остане во екипата и во следната година како играч.

Клубот почнува со подготовки за негова замена и е во преговори со Боиба Сисоко. Најавите се дека тој трансфер би требало да се случи за една година.