Гигов и ПАОК со прв триумф во грчкиот плеј-оф

Тимот на ПАОК Солун, каде што брани македонскиот голман Виктор Гигов, ја забележа првата победа во грчкиот плеј-оф.

По поразот од АЕК Атина во првото коло, ПАОК им се врати на триумфите, откако славеше на гости кај Јоникос со еден гол разлика, 23-24.

Тимот на Гигов имаше плус два на полувреме, 11-13, а во финишот влезе со предност од плус четири, 20-24. Домашните до крајот само го ублажија поразот.

Гигов и ПАОК веќе в среда ги очекува дерби дуелот со Диомидис Аргус, кој беше одложен претходната недела, а потоа уште едно дерби против Олимпијакос.

Се очекува на крајот од плеј-офот, АЕК и ПАОК да бидат на првите две позиции на табелата и да играат за шампионската титула.