Гигов и ПАОК во победнички ритам

Тимот на ПАОК, каде што настапува македонскиот голман Виктор Гигов, е на добар пат без пораз да го заврши регуларниот дел од грчкиот шампионат.

ПАОК славеше на гостувањето кај Фаикас Корфу со убедливи 24-35 во натпревар од 11. коло во групата Б.

Гигов и Арсиќ си ја завршија одлично работата на голот, а ПАОК го чека уште еден дуел до крајот на регуларниот дел.

Во четвртфиналето на плеј-офот, ПАОК ќе игра со Јоникос, Арис или Дукас, кои се борат за четвртото место во групата А.