Гигов го однесе ПАОК на Ф4 во Купот на Грција

Македонскиот интернационалец Виктор Гигов брани во одлична форма во грчкиот тим ПАОК од Солун.

ПАОК денеска го одигра натпреварот од четвртфиналето на Купот против Зафеиракис и славеше со убедливи 33-21.

На полувремето домашниот тим имаше предност од пет разлика, 15-10, а македонскиот голман беше еден од подобрите на теренот.

Покрај одличната партија на теренот, Гигов успеа да постигне и еден погодок. Покрај ПАОК, место на Ф4 во Купот што се игра на 22 и 23 мај, обезбеди и АЕК Атина.