Германски клуб има оригинален план како да ги покрие загубите од коронавирусот

Раководството на германскиот Фендорф од Втората Бундес лига извести дека финансиските загуби на клубот предизвикани од пандемијата на коронавирус достигнале вредност од шест цифри.

За да се справи со ситуацијата и да се поправи финансиската ситуација во клубот тие започнуваат невообичаена кампања и ги повикуваат навивачите да помогнат во оваа тешка ситуација.

„Ќе се обидеме да заработиме на секој можен начин. На пример да објавуваме публикации на нашите фанови, интервјуа со нив, да играме разни игри, да правиме пикник со екипата па се до играње голф. Проектот ќе започне на 22. април и имаме за цел да собереме околу 50.000 евра“, изјави директрот на клубот Дирк Стенџер.