Германија, Шведска, Данска и Шпанија ќе играат во ЕХФ Евро Купот – познат распоредот

За време на квалификациите за ЕП репрезентациите на Германија, Шведска, Данска и Шпанија ќе го играат ЕХФ Евро Купот.

Овие натпревари им помагаат на тимовите кои имаат веќе обезбедено пласман на големите турнири да ги пополнат термините за играње на национални натпревари, а и подобро да се подготват за следите предизвици.

Првото коло од турнирот ќе се игра во октомври кога ќе започне квалификацискиот циклус за ЕП2024, групите за овој циклус ќе бидат извлечени утре.

Сега е познат и распоредот на натпреварите за овој турнир.

  1. КОЛО

Данска – Шпанија – 12-13 октомври

Германија – Шведска – 13 октомври

2. КОЛО

Шпанија – Германија – 15-16 октомври

Шведска – Данска – 15-16 октомври

3. КОЛО

Шведска – Шпанија – 8-9 март

Данска – Германија – 8-9 март

4. КОЛО

Шпанија – Шведска – 11-12 март

Германија – Данска – 12 март

5. КОЛО

Шведска – Германија – 26-27 април

Шпанија – Данска – 26-27 април

6. КОЛО

Данска – Шведска – 29-30 април

Германија – Шпанија – 29-30 апри