Германија и Унгарија доаѓаат на ЕП во Македонија, останаа уште три слободни места!

Ракометарките на Германија ја декласираа Грција во квалификациите за Европското првенство во 2022 година и славеа победа од 11:40 со што го потврдија пласманот од квалификациската група 3.

Германките беа супериорни на овој натпревар, уште на полувреме имаа огромна преднсот од 5:19, а до крај го декласираа противникот и му нанесоа тежок пораз. Најефикасна беше Штокшладер со шест гола, а Чаципарадису беше најефикасна за грција со четири гола.

Унгарија немаше проблеми на гостувањето кај Португалија и забележа лесна и убедлива победа со 18:30 со која се искачи на првото место на табелата во групата 5 која ги води на Европското првенство.

После одиграни 30 минути Унгарија имаше предност од 9:15, а во продолжението само ја потврдија победата. Најефикасна во репрезентацијата на Унгарија беше Анет Ковач со пет гола, во екипата на Португалија Беатриз Соуса со три гола беше најефикасна.

Со победата на Унгарките, беше потврдено и местото на Шпанија на ЕП 2022 во Македонија, Црна Гора и Словенија, па остануваат уште три слободни места кои ќе бидат потврдени викендов.