Георгиевски и ЧСМ главни во Букурешт

Тимот на ЧСМ Букурешт, каде што игра македонскиот интернационалец Гоце Георгиевски, откако обезбеди место во осминафиналето на Челинџ Купот, одигра два натпревари во романскиот шампионат.

Најпрво во градското дерби, славеше на гости кај Стеауа Букурешт, со 28-31, а Георгиевски беше стрелец на четири голови.

Во последниот дуел, ЧСМ дома го победи незгодниот Бакау со 23-21, а десното крило беше втор стрелец во домашниот тим со четири погодоци.

ЧСМ сега е на петтата позиција со 20 бодови.