Георгиевски во одлична форма пред ЕП

Тимот на ЧСМ Букурешт е во одлична серија во романскиот шампионат и ја забележа петтата победа по ред, а за тоа еден од најзаслужните е македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски.

По победата во градското дерби против Стеауа, ЧСМ Букурешт на домашен терен го победи незгодниот тим на Баја Маре со 29-24.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше токму Георгиевски со шест голови, додека кај гостите некогашниот вардарец Јања Војводиќ даде четири погодоци.

Одличната форма на Георгиевски, кој во последниот период секогаш е меѓу најдобрите стрелци на ЧСМ, може само да го радува селекторот Брестовац пред настапот на Европското првенство.