Георгиевски: Ако одиграме тоа што се договaраме, нема да имаме проблем против Војводина

Тимот на Вардар утре го очекува првиот натпревар оваа година во регионалната СЕХА лига.

Противник на „црвено-црните“ ќе им биде српскиот првак Војводина, а десното крило Гоце Георгиевски вели дека ако се одигра според договорот, ќе немаат проблеми.

„Прв натпревар по два месеци пауза без официјален натпревар. Се подготвуваме како и за секој натпревар. Малку сме во редуциран состав поради репрезентативците па затоа потешко ја составуваме екипата, но најважно е дека сите сме здрави, нема повредени играчи. Утре ќе ни се приклучат и останатите репрезентативци и ќе бидеме доволно подготвени за Војводина. Се работи за еден добар и квалитетен противник, немаме премногу материјали за да ги гледаме како играат. Одиграа еден натпревар пред Нова Година. Можевме да видиме дека е добар состав со квалитетни играчи. Мислам дека ако го одиграме она што сме го договораме, би требало да извојуваме победа. Тоа да ни биде добра увертира пред тоа пеколно темпо кое ни следи во февруари и првиот натпревар со Порто во Лигата на шампиони. Ако останеме сите здрави можеме да се надеваме на добри резултати“, ијзави Георгиевски.

Натпреварот меѓу Вардар и Војводина се игра утре во 17:45 часот во СЦ „Јане Сандаски“.