Гедбан повторно ќе игра во Лигата на шампионите?

Форматот на Лигата на шампионите од наредната сезона се менува, ќе учествуваат 16 екипи што е помалку за разлика од претходните сезони. Од нив познати се десет учесници, а за останатите шест ЕХФ ќе одлучи според определени критериуми.

Останатите шест места ќе бидат одредени според условите во клубовите, економската стабилност на клубот, квалитетот и условите за одигрување на домашни натпревари. Први кандидати за место во ЛШ се Нант и ПИК Сегед, а барање за вајлд-карта испрати и вице шампионот на Полска, Висла Плоцк.

Претседателот на Адемар Леон најави деќа ќе испрати барање до ЕХФ за вајлд-карта и настап во Лигата на шампионите како второпласиран во Асобал лигата. Сепак можноста за добивање е мала бидејќи финансиката моќ на клубот е многу важен фактор во одлуката на ЕХФ, а финансиите во Адемар Леон не се на највисоко ниво.

Доколку Адемар Леон добие позитивен одговор од ЕХФ за место во Лигата на шампионите, голманот на Вардар Калифа Гедбан повторно ќе има можност да игра во најдоброто клупско натпреварување, откако во сезоната 2018/19 стана Европски шампион со Вардар, а од наредната сезона ќе го брани голот на шпанскиот вице првак.