Гаџа: Среќно дојдовме до триумф

Вардар славеше со 27-26 над хрватскиот Нексе и ја забележа втората победа во регионалната СЕХА лига.

Средниот бек Анте Гаџа вели дека Вардар на крајот среќно дошол до победата над незгодниот ривал.

„Очекувавме тежок натпреар. Мислам дека цело време водевме со 3-4 гола рзлика, но никако не успевавме да дојдеме и до подобар резултат бидејќи во тој период промашувавме зицери и на крајот дојде некоја нервоза и беше тешко да се игра, па на крајот успеавме среќно да дојдеме до победата“, вели Гаџа.

Следен предизвик за вардарци ќе биде гостувањето кај Порто во Лигата на шампионите на 4 февруари.