Вчера добија прволигашки статус, денеска донесоа засилување од Словенија

Репрезентативецот на Словенија, кој ги бранеше боите на екипата на Висла Плоцк, Игор Жабиќ својата кариера ќе ја продолжи во првенството на Франција.

Пивотот од Словенија ќе ја продолжи во екипата на Лимож. Оваа екипа се натпреваруваше во Втората лига на Франција, но добрата вест е дека после прекинот на сезоната тимот доби можност да се пласира во елитното друштво.

Поради пласманот кој го имаше при прекинот на сезоната екипата на Лимож доби место меѓу прволигашите така што ќе биде големо засилување за тимот кој ќе се обиде да се претстави до во добро издание.

Лимож имаше одиграно 18 од 26 средби и со 25 поени се наоѓаше на 2. позиција во Втората лига на Франција, па по административен пат заедно со Сесон оди ранг повисоко во лигата која следната сезона ќе биде проширена.