Вујо во свој стил за СЕХА дуелите: Добро е што реваншот е во Загреб, оттаму продолжуваме за Задар (ВИДЕО)

Уште на својот прв брифинг, Веселин Вујовиќ потврди дека го задржа својот стил на коментари и во таква атмосфера ги искажа очекувањат за новата сезона пред сè за натпреварите против Загреб во четврт-финалето од СЕХА лигата.

„Добро е што втората средба ја играме во Загреб за да можеме потоа да продолжиме за Задар и да не се враќаме за Скопје“, изјави Вујовиќ.

За новата сезона плановите се сосема поинакви, а идејата е Вардар да добие статус во СЕХА каков што во минатата сезона имаа Веспрем и Мешков Брест.

„Ни претстои тешка сезона во која ќе имаме навистина многу натпревари и веќе разговарав со претседателот Михајловски да побараме статус каков што имаа Веспрем и Мешков Брест. Доколку не биде така ќе биде навистина тешко бидејќи во една недела ќе треба да играме средби во СЕХА, во Лигата на шампионите и во Супер лигата“, рече тренерот на вардарци, Вујовиќ.

Сепак, пред да почнат возбудувањата ќе треба да се одработат подготовките кои стартуваа денеска во Скопје, а за неколку дена се селат на Златибор.

Вујовиќ: Може да ме мразат, може да ме сакаат, но мора да го остават срцето на терен (ВИДЕО)