Вујовиќ: Ќе чекам на некоја екипа да и затреба просечен тренер како мене

Веселин Вујовиќ замина од Загреб поради лични причини, односно нерасчистени имотно-правни односи, кои не би можел да ги реши ако останеше во хрватската престолнина.

Веднаш почнаа шпекулации за негово враќање во Вардар, а тој откри дека има понуда да биде селектор на Саудиска Арабија.

„Имам понуда да бидам селектор на Саудиска Арабија. Тешко е да се работи таму и да се живее, тоа е специфична земја. Веројатно тоа би биле акции што би можеле да се одработат на Балканот. Да дојдат тука десетина дена, да одработиме тоа што треба и тие да си одат, јас да останам тука. Ако успеам да го решам тоа, тогаш ќе бидам селектор на Саудиска Арабија. Ако не, тогаш ќе почекам на повик од некоја екипа на која и треба просечен тренер“, вели Вујовиќ.