Вујовиќ: Данците ме сметаат за криминалец, дури и ќерка ми jа навредуваат!

Селекторот на Иран, Веселин Вујовиќ, по мечот меѓу Хрватска и Данска, во анализата на мечот го нарече Матијас Гидсел – „мало глувче“.

Во изјава за хрватски Индекс, Вујовиќ откри дека немал никаква намера да го навреди Гидсел и објасни зошто го нарекол така, но смета дека и данските медиуми ги преминаа границите.

„Не очекував ваква реакција кон мене, кон Дувњак, кон хрватската репрезентација. Толку омраза што е неверојатно. Ме третираат како да сум криминалец. Немав намера никого да навредам, но не ми беше јасно дека дете кое штотуку зачекорило во ракометот, без разлика колку е талентирано, може да ја одбие раката на легендата Домагој Дувњак. Сакав да остане на тоа, но работите што се случуваа подоцна излегоа од рамките на нормалното. Дури и ќерка ми добива навреди на социјалните мрежи, а данските медиуми ги актуелизираа сите грешки кои сум ги правел во кариерата“, вели Вујовиќ.

Со селекцијата на Иран, Вујовиќ успеа да се пласира во главната рунда на СП, откако во клучниот меч неговите избраници славеа против Чиле.