Време е за дерби – еве кога ќе играат Вардар и Еурофарм Пелистер во Скопје

По репрезентативната пауза и по натпреварите во Купот на Македонија, претстојниот викенд продолжуваат возбудувањата во суперлигашкиот плеј-оф.

Првото дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе биде на програмата на 26 март во СЦ „Јане Сандански“.

Овој натпревар ќе започне во 18:00 часот, а билетите се веќе во продажба од денеска по цена од 150 и 200 денари.

Вториот меч меѓу овие две екипи, кој ќе го даде одговорот на прашањето за шампион на Македонија ќе се игра во Битола на 6 мај.

На табелата, двете екипи се на врвот со 15 бодови.