Врањеш и Јуринок пред трансфер во шампионот на Лига на Европа

Поранешниот репрезентативец на БиХ, Владимир Врањеш, кој го напушти репрезентативниот дрес по Европското првенство во Унгарија и Словачка и левото крило на белоруската репрезентација, Андреј Јуринок, од следната сезона би можеле да играат во Бенфика, која во оваа сезона ја освои титулата во Лига на Европа, пренесуваат португалските медиуми.

Бенфика ги зголеми своите амбиции по освојувањето на првото место во второто по ранг квалитетно европско натпреварување, а желба на раководството на клубот е во своите редови да го донесе кружниот напаѓач од БиХ и левото крило од Белорусија, кои имаат активни договори со белорускиот шампион, Мешков Брест.

Врањеш би ја зголемил конкуренцијата на пикерската позиција и за место би се борел со Алексис Боргес и Пауло Морено. Откако искусниот Јонас Калман реши да си замине од Бенфика на крајот од сезоната, челниците на клубот го посакуваат левото крило од Белорусија како замена за екс репрезентативецот на Шведска.

Актуелниот договор на Врањеш со Мешков Брест е до 2024 година. Јуринок со белорускиот шампион има договор за уште една сезона, но поради ситуацијата во Украина, како и санкциите на ЕХФ за клубовите од Белорусија, Врањеш го напушти Мешков Брест на почетокот на месец март, а за трансфер на Јуронок во Бенфика, белорускиот шампион не би требало да прави никакви проблеми.