Во Србија нема да има ракомет уште два месеци

Новата сезона во шампионатот на северниот сосед, Србија е поместена и ќе стартува првиот викенд од октомври. На 3 и 4 октомври на терен ќе излезат тимовите од Супер лигата во машка конкуренција, а на 7 октомври и женските состави.

Во одлуката донесена од страна на Управниот одбор нема објаснување дали главната причина за ова е пандемијата со коронавирусот или се работи за нешто сосема друго. Сепак, главното е дека термините се поместени и дека натпрварите почнуваат дури од октомври.

Претходно во септември треба да се одиграат баражите за пополнување на Супер лигата. Истите би требале да завршат до 20 септември,  додека на 26 и 27 септември треба да се одиграат финалните турнири од минатосезонскиот Куп и во двете конкуренции.