Во соблекувалната ечеше „Бисер Балкански“ – како кадетките го прославија успехот (ВИДЕО)

Женската кадетска репрезентација на Македонија со триумфот над Исланд во финалето на ЕХФ шампионатот оствари голем успех.

Избраничките на Љубомир Савевски обезбедија место на ЕП за кадетки и младинки во 2023 година, а покрај тоа се пласираа и на СП за кадетки во 2022 година во Грузија.

Таквиот успех не можеше да помине без прослава, па македонските девојки ја запеаја „Бисер Балкански“.