Во Романија за малку ќе се истепаа, во Русија пак ќе бидат ривали

Тренерот на Ростов Дон, Пер Јохансон и новиот тренер на ЦСКА Москва, Флорентин Пера имаат доста минато зад нив од времето кога беа ривали во Романија.

Во новата сезона го обновуваат ривалството, но во шампионатот на Русија така што одново ќе биде наелектризирано.

„Тоа беше одлучувачки натпревар за шампионот на Романија во сезоната 2019/20. Судиите на крајот донесоа три погрешни одлуки кои не беа во корист на Влчеа и загубивме со еден гол од ЧСМ Букурешт (22:23). Во позадина на сето тоа дојде до конфликтот. Не би сакал да го разбранувам минатото. Можам само да кажам дека нема никакви лични проблеми меѓу мене и Пер Јохансон и нема да има. Оттогаш се немаме сретнато ниту сме комуницирале. После пристигнувањето во Русија ќе се насочам исклучиво кон мојот тим и остварувањето на целите“, вели Пера.

Сепак, со оглед на ривалството и загубената титула на Ростов Дон сигурно ќе биде жешко на теренот и ќе има што да се види на дуелите меѓу овие две екипи односно меѓу тренерите.