Во новата сезона од ЛШ: Вардар сигурно ќе игра против француска, унгарска и германска екипа

Европската ракометна федерација пред два дена ги соопшти 16 екипи што ќе играат во групната фаза од Лигата на шампионите.

Меѓу нив е европскиот шампион Вардар, кој доби директно место во групите заедно со уште девет екипи, додека Нант, ПИК Сегед, Мотор Запорожје, Мешков Брест, Елверум и Целје добија вајлд-карти.

Во ЛШ ќе играат две германски екипи – Кил и Фленсбург, две унгарски – Веспрем и ПИК Сегед, како и две француски – ПСЖ и Нант.

Со оглед на тоа што во првата фаза нема да играат екипи од исти држави, станува јасно дека Вардар (дури и да биде во ист шешир со некоја од нив) ќе игра против една унгарска, една француска и една германска екипа.

Кои ќе бидат другите ривали ќе биде јасно по ждрепката на 1 јули, а шеширите ЕХФ ќе ги објави во текот на следната седмица.