Во иста вечер со клубот обезбеди повисок ранг и девојката му кажа „ДА“ (ВИДЕО)

Ракометарот на Антекера, Начо Дел Кастиљо имаше причина за двојно славење. Неговиот тим во дерби натпреварот од втората шпанска дивизија беше подобар од Бургос со 23:22.

Со освоените бодови, Антекера за следната сезона избори пласман во Асобал лигата и по долга пауза повторно ќе биде дел од најдобрите екипи во Шпанија.

По победата, Кастиљо и предложи брак на својата девојка, Есперанса Лопез која без размислување го прифати неговиот предлог.

Лопез е ракометарка на Малага и пред две недели со нејзината екипа го освои трофејот во Европскиот куп. Успешната сезона на двајцата играчи беше крунисана со убав крај.