„Во војна живеевме во подруми, без прозорци, без ТВ – сега овој карантин е смешен“ (ФОТО)

Хрватот Саша Јовиќ не е многу познато име во ракометните кругови, но со неговата последна негова објава на Твитер стана популарен. Тој е тренер на женскиот клуб Ампоста во Шпанија и на тамошните жители се обиде да им објасни дека има многу пострашни работи од седењето дома како заштита од ширењето на коронавирусот.

Го искористи неговиот личен пример од војната во Хрватска и ситуацијата во Вуковар.

„Година 1991, мал град во Хрватска. Поминавме месеци во подрум. Без прозорци, без ТВ, без Нетфликс и без Плејстејшн,можност за излегување на улица. Ако излезеш може да ти падне бомба или да те погоди залутан куршум. Овие 14 дена или нешто повеќе се смешни. Останете дома“, напиша Јовиќ.

Шпанија е едно од големите жаришта на коронавирусот низ Европа, а вонредната состојба таму е продолжена до 11 април. Досега се заразени околу 30.000 луѓе, а животот го загубиле 1.720 луѓе.