Во Богданци паднаа 73 гола – Младост рутински одработи против Јехона

Екипата на Младост Богданци на свој терен ја совлада Јехона во ефикасен натпревар, во кој беа постигнати вкупно 73 гола, од кои поголемиот дел од головите ги постигнаа домаќините. Младост против тимот од Гостивар триумфираше со 41:32 (17:15) и ја оствари третата победа во годинешната сезона.

Домашниот тим од почетокот на натпреварот беше постојано во водство. Избраниците на Роглев иако во првиот дел немаа голема резултатска предност, сепак, водеа со два до три гола разлика и на полувреме заминаа со водство од 18:15.

Избраниците на Селмани во вториот дел дојдоа до единственото израмнување, 19:19 и до финишот Младост рутински ја одработи својата задача, влезе во убедлива предност и на крај славеше со девет гола разлика.

Најефикасен на натпреварот беше членот од редовите на Јехона, Мојсе Тасески, кој постигна 14 гола, недоволни за поволен резултат. Во победничката екипа се истакнаа Димитар Пеев со девет и Антонио Николоски со осум гола, a голманот Панов имаше 12 интервенции. Во текот на мечот поради повреди, тимот од Богданци остана без Чрчев и Иванов, но сепак на крајот славеше убедливо.

Во следното, петто коло, Младост ќе му гостува на дебитантот Мулти Есенс, додека Јехона на свој терен ќе го пречека Шампион.