„Во Барса дојдов да освојувам титули, ама првата со Вардар е нешто што не се заборава“

Лука Циндриќ го пропушти поголемиот дел од Светското првенство во Египет, но ќе биде подготвен за продолжението на Лигата на шампионите.

Некогашниот член на Вардар и Металург, говореше за соработката со шпанските тренери во текот на кариерата – со Раул во Вардар, со Душебаев во Келце и сега со Пасквал во Барселона.

„Сите се врвни тренери. Раул и Душебаев повеќе обрнуваат повеќе внимание на нападот. Многу работи научив од Раул, тој ми ги отвори погледите кон ракометот, го гледам со други очи овој спорт и за тоа ќе му бидам благодарен до крајот на животот. Талант со својата харизма и став секогаш знае да надополни некој недостаток. Пасквал, на пример многу повеќе внимание обрнува на одбраната, играме брз ракомет. Сите имаат свој квалитет, но не отстапуваат од својот систем. Страшен тренер, уште подобар човек. Не му е лесно во Париз, можеби изгледа не е тој – тој. Мислам дека тој е тренер за играчи кои треба да станат вистински играчи. Тука повеќе се снаоѓа. Кога си одеше од Вардар кажа дека сака да проба да работи со ѕвезди. Сите ние комуницираме меѓу себе, сите останавме во контакт, тоа беше силата на Вардар. И понатаму сме како семејство и со задоволство се сеќаваме на моментите поминати со Раул“, вели Циндриќ за „Балкан Хендбол“.

Хрватот сака титули со Барса во елитното натпреварување, но вели дека никогаш нема да ја заборави првата освоена со Вардар.

„Во Барса дојдов да освојувам титули во ЛШ, но Вардар и Македонија се нешто што не се опишува. Тие луѓе што живеат таму се нешто посебно, секогаш кажувам дека тоа е мојот втор дом, имам многу пријатели и секогаш кога имам прилика одам во Скопје. Тој дочек што го имавме не се заборава никогаш, тоа е смислата на спортот и зошто ние тренираме и се одрекуваме од многу работи“, заврши Циндриќ.