Војводина не запира со засилувања

Српскиот шампион, Војводина за следната сезона го ангажираше и четвртото засилување во своите редови.

Нов ракометар во екипата од Нови Сад ќе биде левиот бек, Милјан Буњевчевиќ.

24-годишниот ракометар потекнува од школата на Динамо Панчево и Војводина за него ќе биде втор клуб во неговата кариера. Буњевчевиќ има настапувано и на европска сцена во ЕХФ и Челинџ Купот.

Претходно, Војводина се засили со тројца ракометари, Нејц Жмавц, Алекса Кљајиќ и Грегор Оцвирк. Амбициите на клубот за новата сезона се одбрана на двојната круна во Србија и добар пласман во Европа и СЕХА лигата.