ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Ракометар почина по срцев удар среде натпревар!

Адел Бакр, репрезентативец на Јордан, почина утринава, откако имаше срцев удар во текот на вчерашниот ден.

Тој доживеа срцев удар на мечот од Купот на Јордан, меѓу неговиот тим Кафрања и Ал Салт.

Ракометната федерација на Јордан објави информација дека медицинските екипи веднаш интервенирале по натпреварот, а веднаш потоа Бакр бил пренесен во болница, каде починал утрово.

Федерацијата на Јордан веднаш ги одложи останатите мечеви од Купот, а на социјалните медиуми се појави видео од моментот кога Бакр доживеа срцев удар.