Возбудувањата продолжуваат: Плеј-оф местото ќе трепка до последна секунда

На едно коло до крајот на есенската полусезона во Групата Б од Супер машката лига и понатаму постои истата неизвесност како и пред одигрувањето на денешните дуели од 13. коло.

Ситуацијата е таква што и ГРК Тиквеш и Прилеп останаа во игра така што во последното, 14. коло ќе се одлучува кој тим ќе им се придружи на Металург и на Бутел Скопје, две екипи кои денеска претрпеа порази во дуели со ривалите кои се борат за плеј-оф.

Според ситуацијата останува да се види како ќе финишираат дуелите од последното коло пред да биде добиена конечната табела.

И понатаму во игра остануваат сите комбинации односно секој од трите тимови кои се во комбинација за 3. место има свои шанси. Еурофарм Пелистер 2, ГРК Тиквеш и Прилеп ќе се тркаат до последната секунда и неизвесноста ќе постои додека не биде отсуден крај и на двата дуели.

В недела Прилеп го пречекува составот на Еурофарм Пелистер 2, додека кавадарчани ќе гостуваат кај Работнички. Оттаму в недела ќе биде пеколно на овие два дуели.

Јасно е дека на Еурофарм Пелистер 2 му е доволен бод, а доколку загуби тогаш ситуацијата може да се искомплицира. Сите комбинациите можете да ги погледнете на следниот ЛИНК, каде што е објаснети подетално кој од тимовите како може да стигне до место во плеј-офот.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ГРУПА Б

РЕЗУЛТАТИ ОД 13. КОЛО

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРИЛЕП             19:21 (ИЗВЕШТАЈ)

ГРК ТИКВЕШ – МЕТАЛУРГ            40:38 (ИЗВЕШТАЈ)

МЛАДОСТ 1977 – РАБОТНИЧКИ               35:28 (ИЗВЕШТАЈ)

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР беше слободен

ПОСЛЕДНО, 14. КОЛО

НЕДЕЛА, 27 ДЕКЕМВРИ

17:00ч

РАБОТНИЧКИ – ГРК ТИКВЕШ

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

ПРИЛЕП – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

Сала: „Р. Р. Ричко“ во Прилеп. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

20:00ч

МЕТАЛУРГ – БУТЕЛ СКОПЈЕ

Сала: „Автоокманда“ во Скопје. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битила. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

МЛАДОСТ 1977 е слободен

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119

Tри екипи, а едно место: Кој има најголеми шанси за последното суперлигашко плеј-оф место?