Чантурија одличен, ги водеше прилепчани до победа против Бутел

Ракометарите на Прилеп успеаја да одиграат одлична средба на гостувањето во Скопје кај тимот на Бутел и да победат со 21:19 така што останаа во трка за плеј-оф до крај и в недела ќе се одлучува кој ќе биде третиот тим од групата Б.

Прилеп денеска го имаше одлично расположениот Реваз Чантурија, кој го покажа своето искуство на терен и успеа да ги води своите колеги до посакуваните три бода на овој тежок натпревар.

Гостите тргнаа подобро во натпреварот и брзо стигнаа до водство кое гарантираше мирно продолжение. Веќе на средина на првиот дел беше 6:2, а четири од овие погодоци беа дело на Чантурија.  Во овој период останаа и без првиот избор за голот Цинцадзе кој доби црвен картон, но тоа не беше поголем проблем за прилепчани.

Овие плус четири се одржуваа без поголеми проблеми до крајот на првото полувреме, но на одмор се замина со предност од 11:8.

За шест минути во второто полувреме трите гола позитива станаа плус шест, па Прилеп имаше 14:8. Меѓутоа како да дојде до застој во овој период односно нападот не функционираше повеќе на нивото кое беше потребно за натпреварот да биде однесен до победа. На сето тоа проблем беше и голманот Блажески кој се разбрани.

Домашните се доближија до гол разлика и во 53. минута имаа 18:19. Високата предност на Прилеп беше стопена, но тука се влезе во период без голови каде што на моменти имаше и бркотница по теренот. Играчите на Бутел Скопје се обидоа и со пресинг, но сето она што беше добро во одбрана не беше и во нападот каде што имаше грешки.

Гол конечно падна на минута и десет секунди до крајот кога Шокоски погоди за плус два, но Стојановски врати набрзина. На крајот најдобриот на теренот донесе победа од 21:19. Чантурија на асистенција од Шокоски го реализираше последниот напад, па овозможи својот тим в недела до крајот да се надева за плеј-оф.

И Прилеп и ГРК Тиквеш победија денеска така што сега се на 16 поени и со шанси да се пласираат во плеј-офот.

25 декември 2020
19 - 21
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
25 декември 2020 20:33 СУПЕРЛИГА Б 2020/2021 25.12.2020 60'

Место

УС „Антон Димитров“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
БУТЕЛ819Пораз
ПРИЛЕП1121Победа

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Дино Трајчевскиголман00
7Томче Стојановскилев бек05
9Марко Божиновскилево крило02
10Марко Митевцентрален бек02
15Златко Мојсоскидесно крило03
17Бојан Спасовскидесен бек00
18Христијан Милошевскилев бек11
20Даниел Ацевголман00
22Стефан Стојчевиќпивот10
23Горан Печенковскицентрален бек03
24Златко Даскалоскиголман00
30Бојан Блажевскиголман00
34Кристијан Василевскипивот11
64Мирко Мајиќлево крило02
88Борис Илиевскипивот00
 Вкупно 319

ПРИЛЕП

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Филип Пајкоскипивот00
7Хазеин Рустамовлево крило14
9Христијан Бикоскилево крило00
10Сашко Манческипивот00
11Владимир Трајкоскилев бек02
12Иван Ангелескиголман00
13Ивица Дукоскицентрален бек11
14Даниел Андоновскилев бек20
17Хари Павловдесен бек00
18Давор Шокоскилев бек04
19Антонио Бурчевскипивот00
22Мартин Карафилоскипивот00
23Реваз Чантуријадесно крило010
33Стефан Христоскиголман00
34Мириан Гавашелишвилилев бек20
77Зураб Цинцадзеголман10
 Вкупно 721

Officials

Судии:Делегат:
МИТРЕВСКИ ДИМИТАР
ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ
КУРТОВИЌ ЦАНО
ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119