Владата на Швајцарија подготви 95 милиони франци за поддршка за спортот

Во време на пандемија со коронавирусот во Швајцарија се мисли на сите спортови и за помош. Владата на оваа земја подготви сума од 95 милиони франци за да се помогне на клубовите, регионалните центри, сопственици на спортски сали и организатори на спортски настани.

Направен е пакет со кој ќе се направи обид за да се ублажи удрот од пандемијата со коронавирусот.

До 23 август треба д се докаже штетата и да се достави концепт за стабилизација. Во согласност со тоа ќе се дистрибуираат и средства, па ќе се надомести штетата на оние што имаат аплицирано за помош.

Ова е голема сума, но се работи за сите спортови, па останува да се види колку ќе биде голема помошта за клубовите.