Владата донесе одлука: Минимална плата за април и мај за спортистите!

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска на прес конференција ја потврди мерката на државата, која беше најавена минатата седмица.

Тоа значи дека сите македонски спортисти, односно членови на македонски клубови ќе добијат финансиска помош од државата.

Новововедената мерка ќе важи за месеците април и мај, а воведена е поради коронавирусот и стопираниот спорт во нашата земја.

Висината на помошта ќе биде просечна плата, односно 14,500 денари, што значи дека вкупно спортистите ќе добијат 29.000 денари.

Доколку биде потребно мерката ќе се продолжи и во следните месеци.  Ракометните шампионати се прекинати на неодредено време.