Вистински пекол за Бургард – анонимни пораки, измачкан автомобил со измет, ѕвонење на врата…

Репрезентативката на Данска и ракометарка на Мец, Луис Бургард во 2019 година пристигна во францускиот тим од Хернинг Икаст. Но се покажа дека животот на ракометарката од Данска во Франција не е баш идеален.

Бургард во новата средина се соочувала со голем број на проблеми, а дел од нив било и вознемирувањето од непознати сторители кои и испраќале анонимни пораки и правеле хорор сцени.

Таа опиша како била вознемирувана пред четвртфиналето од Лигата на шампионите оваа сезона. Мец за противник го имаше нивниот ривал од домашниот шампионат, Брест Бретањ.

„Кога се вратив во мојот стан слушнав дека звони звончето, но кога отворив немаше никој на вратата. Подоцна слушнав врисоци кои доаѓаа од прозорецот. Не знам кој беше, но тие го извикуваа истото што беше напишано и во утринската белешка пред мојот стан „Ти си валкана к***а“. Никогаш порано не сум се соочувала со вакво нешто, а особено вознемирувачки е тоа што личноста знае каде живеам и се движам”, изјави Бургард за „Екстра Бладет“.

Истиот ден, лекарскиот тим на Мец утврдило дека ракометарката од Данска има проблеми со лигаментите на коленото, па така денот за нејзе бил навистина непријатен.

Во меѓувреме на нејзиниот автомобил, бил расфрлан измет од домашни миленици