Вецлар најде замена за Миркуловски

Поранешниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски, заминува од Вецлар по истекот на актуелниот договор во 2020 година, а бундеслигашот веќе најде замена.

22-Годишниот Норвежанец Магнус Фредриксен, кој настапува за шампионот Елверум, потпиша договор на две години со Вецлар и ќе биде новиот плејмејкер на бундеслигашот.

Миркуловски ќе бара нова средина, а со оглед на партиите што ги прикажува во последно време, нема да биде изненадување, доколку го видиме во клуб што е многу посилен и поконкурентен од Вецлар.

Најголем дел од кариерата, некогашниот репрезентативец го помина во Металург, а имаше и епизода во Младост Богданци. По заминувањето од Автокоманда, полусезона беше член на Хановер, а потоа се пресели во Вецлар, каде што игра и ден денес.