Веспрем ја растури засилената Татабања, Целје го „изгоре“ Горење

Унгарскиот вицепрвак Веспрем славеше во дербито против Татабања со убедливи десет гола разлика 42-32.

Во првиот дел засилениот гостин не беше во подредена позиција, напротив, дури и водеше со пет гола разлика 10-5, но во финишот на второто полувреме, комплетно се распадна. Во 40 минута беше 28-27 со голот на Мараш, но потоа на теренот постоеше само еден тим – Веспрем, кој за дваесетина минути буквално го прегази ривалот.

Од некогашните пелистерци, Периќ даде четири гола, Мараш три од девет обиди, додека Обрадовиќ немаше погодоци. Голманот Секељ немаше ниту една одбрана за 32 минути на теренот!

Кај Веспрем најдобри стрелци беа Бјарки Мар Елисон со десет гола од 11 обиди, додека Расмус Лауге имаше осум од осум.

Во Словенија, исто така се одигра дерби натпревар. Шампионот Целје, по големата победа над Кил во Лигата на шампионите, успеа да слави и над големиот ривал од домашното првенство, Горење, со убедливи 33-28.