Веспрем со нова победа ја продолжи доминацијата во Унгарија

Ракометарите на Веспрем имаа уште едно добро издание и остварија нова победа во домашното првенство. Составот на Дејан Манасков славеше на гостувањето кај Ференцварош со 28:39.

Македонскиот интернационалец во победата на својот тим придонесе со два погодоци и уште еднаш ја делеше минутажата Штрлек.

Веспрем доминираше во текот на сите 60. минути, уште по десетина минути беше 4:8 а до крајот на првиот дел беше осум разлика 11:19. До крај на дуелот Манасков и колегите немаа проблеми да стигнат до бодовите.

Веспрем останува на првата позиција пред најголемиот конкурент ПИК Сегед, а во следното коло повторно игра на гостински терен против екипата на Балатонфуреди.