Веспрем продолжува без пораз, Манасков повторно најефикасен

Ракометарите на Веспрем остварија нова победа во првенството на Унгарија откако на гостувањето кај Комло во натпревар од 22. коло немаа многу проблеми и триумфираа со 28:22.

И на овој натпревар репрезентативецот на Македонија, Дејан Манасков ја подели минутажата со колегата на неговата позиција Штрлек и имаше добро постигнување. За едно полувреме Манасков постигна шест гола и беше прв стрелец во својот тим.

Веспрем рутински го одигра овој натпревар и имаше водство во текот на сите 60 минути. На полувремето гостите водеа 15:9, а сигурната игра на избраниците на Давид Дејвис продолжи до крај на дуелот за лесни бодови.

Ова беше 21. победа на Веспрем во домашното првенство од 22 натпревари со едно реми. Тимот на Манасков и понатаму останува на врвот на табелата со солидна предност пред најголемиот ривал ПИК Сегед од 13 бода, но и четири натпревари повеќе.