Веспрем како гостин го „тресна“ европскиот првак Магдебург

Унгарски Веспрем ја отвори сезоната во ЕХФ лигата на шампионите со важен триумф 33-28 (21-18) на гостински терен, и тоа кај актуелниот европски првак Магдебург. Гостите од Унгарија одиграа одличен меч, и во второто полувремe направија солидна предност која ја одржуваа до самиот крај.

Клучниот период на мечот беше периодот од 35 до 45 минута во кој Веспрем имаше  серија од 6-1 и „избега“ на 28-22 со кое го најави триумфот. Потоа на Магдебург му беше тешко да се врати во игра. Веспрем покажа сигурна игра, прецизен напад и добра одбрана. Имаа помалку технички грешки, повеќе упатени топки и за 15 отсто попрецизен напад.

Од самот почеток на средбата Веспрем најави дека е расположен да се надигрува и дека има намера да освои бодови. Германците последен пат израмнија на 5-5 во 10 минута, по што до крајот водството го имаше Веспрем. Во првите 30 минути неколкупати намалуваа Германците на „минус 1“, но недоволно за пресврт.

Кај гостите најпрецизен беше Лудовик фабрегас со 6 гола, а по пет дадоа Марсел Касадо, Недим Ремили и Гаспер Маргуч. Во домашниот тим Михаел Дагмард даде шест гола.

Во следното коло Веспрем е домаќин на Монпелје, а Магдебург гостува кај Барселона.