Веспрем и Манасков ќе тестираат со Кил пред Ф4 во СЕХА

Тимот на Веспрем го откри планот на подготовките во пресрет на новата сезона во која ќе се влезе со нов тренер, Момир Илиќ.

Ракометарите ќе ги имаат медицинските прегледи од 23 до 25 јули, а на 26 јули ќе ги стартуваат подготовките кои ќе се одвиваат во Веспрем и во Ѓер.

Пред четвртфиналниот двомеч со Нексе од СЕХА лигата на 23 и 26 август, Дејан Манасков и соиграчите ќе одиграат две пријателски средби со Татабања и Балатонфуреди.

Германскиот великан Кил доаѓа во Веспрем на 28 август, а од Веспрем веќе испланирале дека ќе играат на Ф4 во СЕХА во Задар од 3 до 5 септемвр, па го откажале вториот пријателски дуел со Кил што требаше да се игра во Германија.