Вардар со четири голмани против Војводина во СЕХА

Екипата на Вардар после вчерашната победа над тимот на Мешков Брест во Лигата на шампионите денеска игра натпревар во СЕХА лигата против Војводина.

На теренот тренерот Кокшаров има комбиниран тим со играчи од Вардар јуниор, па во составот се најдоа дури четири голмани. Покрај Гедбан и Кугис, како и Марко Кизиќ, кој вчера имаше блескав настап во составот е и Васил Гогов.

Покрај тоа од Вардар јуниор тука се и Кукуловски, Гашоски, Атанасовски и Ќосевски.

Инаку, од првиот состав денеска во тимот се најдоа: Дибиров, Кристопанс, Скубе, Калараш, Чупиќ, Шишкарев и Димитриоски.