Вардар со убедлив триумф против Скопје до Ф4 во Купот

Освојувачот на Купот на Македонија во машка конкуренција, Вардар се пласираше на Ф4 турнирот со убедлив триумф од 37-24 (19-12) против Скопје во финалето на четвртфиналната група што се играше во СЦ „Јане Сандански“. Вардарци имаа и успешна генералка пред еден од најважните мечеви сезонава, дуелот со Еурофарм Пелистер во домашното првенствот. Тој меч е закажан за следниот викенд во Скопје.

Главниот меч за Вардар во четвртфиналната група од Купот се играше вчера кога беше победен Охрид со 38-30, а овој натпревар против Скопје беше само рутински дуел, во кој фаворит беа „црвено-црните“. И таа улога ја потврдија, и имаа можност дури и да комбинираат со составот и да испробаат и нови варијанти во играта.

Талески, Манасков и Томовски останаа на клупата, а повеќе играа Гогов, Мишевски и Стојановски. Повеќе шанса за играње добија оние што можеби помалку играат вообичаено, па дури и седморката на терен беше понекогаш невообичаена. Скопје имаше последен пат „активен резултат“ во 9 минута кога беше 5-5. Потоа шампионот почна да ја зголемува предноста која на полувреме беше 19-12.

Беше потоа само рутина да се одиграат вторите 30 минути. Брзо дојде Вардар и до предност од повеќе од десет гола. во 53 минута првпат имаа вардарци „плус 13“ за водство 34-21.

Најефикасен кај Вардар беше Јан Чувара со девет гола,