Вардар пред (не)возможна мисија, ќе „брка“ негатива во полна „Веспрем Арена“

Вардар вчера претрпе висок пораз од Веспрем во Скопје (22:30) и во реваншот на гостински терен во „Веспрем Арена“ црвено-црните ќе имаат тешка задача.

Од Веспрем денес потврдија дека овој натпревар ќе се игра пред полни трибини, билетите се веќе распродадени.

Реваншот помеѓу Веспрем и Вардар е закажан за на 6-ти април во терминот од 18:45 часот во кој се играше и вчерашниот натпревар во „Јане Сандански“. Ќе потсетиме подобриот од овој двомеч во четвртфиналето ќе се сретне против Алборг.