Вардар покажа моќ над Елверум – со стил оди во осминафинале на ЛШ!

Ракометарите на Вардар со победа го завршија настапот во групната фаза од најелитното европско натпреварување, откако на домашен терен славеа над Елверум со 39-30. Овој натпревар за македонскиот првак имаше ревијален карактер, бидејќи од претходно го обезбеди местото во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Вардар тргна фуриозно, поведе набрзина со 4-0 по пет минути игра и најави лесни бодови. Сепак, норвешкиот тим од претходно знаеше дека оди во елиминациите, па играше без притисток и се врати во игра, откако Јохансон постигна гол за 6-4.

Избраниците на Давид Дејвис во продолжение од натпреварот ја одржуваа разликата од два до три гола, иако крилата Дибиров и Георгиевски имаа шанса да го зголемат водството, но не успеаја.

Шанса за настап доби и повратникот Анте Гаџа по рехабилитацијата. Во 25 минута, вардарци имаа шанса да дојдат до највисоката разлика што ја имаа на стартот, плус четири, но не реализираа и казната стигна преку Хедберг за 14-12.

По две грешки во нападот на вардарци, беа примени два гола и Елверум стигна само на минус еден 15-14. Капитенот Стоилов реализираше, Гогов одбрани во следната акција на гостите и Дибиров погоди за плус три, 17-14. Сепак имаше уште два брзоплети напади на Вардар, гостинскиот голман одбрани зицер на Стоилов, а Елверум во последните секунди стрелаше за 17-16.

Вардарци имаа несигурен напад на стартот на второто полувреме, па Елверум за пет минути даде три гола и направи комплетен пресврт, 17-18. Не само што направи пресврт, туку и поведе со плус три гола, 18-21. Дејвис виде дека ѓаволот ја однесе шегата и повика тајм-аут. Вардарци потоа погодија во серија и намалијиа на 22-23. Беше искористен еден напад кога Елверум беше без голман и одново македонскиот тим беше на гол негатива, 24-25.

Добрата одбрана резултираше со гол во следниот напад на Оливие Њокас за 25-25, а серијата продолжи и понатаму за 27-25 за македонскиот првак. На девет минути до крајот на мечот, Кевин Њокас врати плус три за Вардар, 30-27, а кога капитенот Стоилов реализираше за плус четири веќе беше најавен триумфот. Следуваа неколку одбрани на Томовски, лесни голови на празна мрежа и до крајот беше само рутински одработена задачата за конечни 39-30.

9 март 2022
39 - 30
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
9 март 2022 21:08 ЛИГА НА ШАМПИОНИ А 2021/2022 09.03.2022 60'

Место

СЦ „Јане Сандански“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ВАРДАР 19611739Победа
ЕЛВЕРУМ1630Пораз

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Стојанче Стоиловпивот02
6Оливие Њокаслев бек16
7Патрик Валчакпивот04
8Јоел Куни Моралесдесен бек03
9Гоце Георгиевскидесно крило01
10Кевин Њокасдесен бек15
12Мартин Томовскиголман00
13Дијало Бакарилев бек00
14Јан Чуваралево крило00
22Жереми Тотопивот14
24Анте Гаџацентрален бек00
28Филип Талескилев бек11
31Тимур Дибировлево крило07
44Стефан Додиќцентрален бек01
45Дарко Ѓукиќдесно крило05
99Васил Гоговголман00
 Вкупно 439

ЕЛВЕРУМ

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Јосип Видовиќцентрален бек00
4Кристофер Хедбергдесно крило02
5Кристијан Хуберт Ларсенпивот00
6Стиг Торе Моен Нилсендесен бек07
7Каспер Торстен Лиендесно крило01
12Емил Кери Имсгардголман00
14Јохан Никлас Фингренлев бек01
15Тобијас Грондалцентрален бек04
16Торстен Фрисголман00
20Ендре Лангаспивот01
28Ори Фреј Торкелсонлево крило01
32Томас Солстадпивот05
33Синдре Хелдаллево крило00
42Ерик Јохансонлев бек08
19Арон Палсонлев бек00
 Вкупно 030

Officials

Судии:Делегат:
Саша Вилд (ГЕР)
Фабијан Баумгард (ГЕР)
Леополд Калин

Лига на Шампиони А

ПозЕкипаНПРЛБ.
114102222
21483319
31481517
41464416
51462614
61461713
71451811
81400140