Вардар немоќен против Нексе, се враќа со пораз од Нашице

Ракометарите на Вардар на првиот натпревар после ЕХФ неделата не успеаја да одиграат како што се очекува и одново примија многу голови, па го претрпеа вториот пораз сезонава во СЕХА со 36:32 во Нашице.

Средбата тргна лошо за вардарци бидејќи домашните набрзина направија предност од пет гола. За шест минути игра резулттот беше 5:0, а тука следуваше реакција од Вардар. Ракометарите на шампионот на Македонија за седум минути не примија гол и успеаја да израмнат на 5:5.

Ова беше период на добра одбрана и неколку интервенции од Ристовски така што беше лесно да се врати во ритам. Меѓутоа домашните одново отидоа на предност и водеа со 8:5 за во 18. минута да се дојде до 9:9.

Израмнетата игра траеше и во продолжението од првото полувреме. До крајот на паузата имаше неизвесност при што ниту еден тим не успеа да создаде предност која пред заминување на одмор беше еден погодок во корист на Нексе, односнo 15:14.

Второто полувреме донесе почеток во кој вардарци беа подобри и успеаја да го свртат резултатот во своја полза. До 40. минута беа во постојана предност од еден погодок и беа во гол позитива, но домашните израмнуваа.

При 22:22 во 41. минута следуваа две минути криза во кои Нексе набрзина стигна до 3:0 и овие три гола најавија тешка завршница за Вардар. Негативата растеше, а во 48. минута се искачи на пет гола кога вардарци губеа со 24:29.

Домашните делуваа прерасположено и знаеја како да ја зачуваат предноста. Ракометарите на Вардар се обидуваа да стигнат до враќање во игра, но имаше премногу грешки. Не можеа и да се вратат во потребниот ритам, па мораа да се помират со вториот пораз сезонава во СЕХА лигата. На крајот победата на домашните беше забележана со четири гола разлика и резултат од 36:32.

17 март 2021
36 - 32
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
17 март 2021 18:31 СЕХА ЛИГА Б 2020/2021 17.03.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
НЕКСЕ1536Победа
ВАРДАР 19611432Пораз

НЕКСЕ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Александар Бакиќлево крило02
7Фран Милетадесно крило00
9Саша Баришиќ Јаманлев бек02
12Морено Царголман00
16Михајло Радовановиќголман00
18Марин Јелиниќлево крило13
19Иван Видадесно крило03
20Борна Манци Мичевиќдесен бек00
21Ален Блажевиќлев бек00
23Томислав Северецлев бек10
25Живан Пешиќпивот00
28Јанко Кевиќцентрален бек18
33Марио Томиќпивот03
45Халил Јагањацлев бек08
77Доријан Маркушиќцентрален бек01
87Џанфранко Прибетиќпивот06
 Вкупно 336

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман01
2Васко Шеваљевиќлев бек03
4Томислав Јагуриновскидесен бек01
9Гоце Георгиевскидесно крило01
11Мартин Карапалевскицентрален бек03
15Кристијан Дисингерлев бек00
21Глеб Каларашпивот22
24Анте Гаџацентрален бек06
27Иван Чупиќдесно крило02
28Филип Талескилев бек02
31Тимур Дибировлево крило09
44Јосип Векиќдесен бек02
55Стефан Атанасовскипивот00
77Робин Кантегрелголман00
97Марко Мишевскилев бек00
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 232

СЕХА ЛИГА – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВОЈВОДИНА00000
2НЕКСЕ00000