Вардар и Загреб и на реваншот во СЕХА ќе играат пред публика

Екипите на ППД Загреб и Вардар во вторник од 20 часот го играат реваншот од четврт-финалето во СЕХА лигта, а тоа значи дека за три дена ќе биде познато кој оди на Ф4 турнирот во Задар. На оваа средба Загреб ќе има поддршка од трибините бидејќи во салата „Сутинска врела“ ќе биде дозволено да има публика, но доколку гледачите поседуваат ЕУ дигитални сертификати.

Капацитетот на салата е 1300 гледачи, а со оглед на тоа што не е наведено дека има ограничено присуство тогаш се очекува натпреварот да се игра пред речиси полни трибини.

За овој натпревар нема да се наплаќаат влезниците туку оние што поседуваат сертификат кој е потврда за вакцинација, негативен тест или прележан Ковид 19 би можеле да добијат билет и да го следат натпреварот.

Како што е познато на првата средба Вардар забележа победа од 24:20 и ќе треба да ја одбрани за да обезбеди пласман на завршниот турнир следниот викенд во Задар.