Вардар игра атрактивно и убаво за око, води против Пик Сегед на одмор

Ракометарите на Вардар иако имаа лошо отворање на средбата и негатива од три гола на одмор против Пик Сегед имаат предност од 15:13 што е најава за убаво второ полувреме во кое ќе се атакува на бодови од овој дуел.

Од почетокот на средбата тимот на Пик Сегед влезе со предност. Вардар израмнуваше до 2:2, а потоа со три гола гостите отидоа на позитива која мораше брзо да биде неутрализирана бидејќи во спротивно тимот од Унгарија можеше да отиде на уште поголема предност.

Вардарци успеаја да го смират темпото, а со тоа и резултатот, па можеше да се надигруваат. Им требаа 15 минути од првото полувреме за да стигнат до нерешени 7:7 откако имаа серија од 3:0.

Имаше неколку атрактивни потези во првото полувреме во кое прво Дисингер постигна убав погодок со шрауба, а потоа и една атрактивна контра во два потези при што веќе можеше да се види дека Вардар ќе го сврти резултатот во своја полза.

При 9:10 беше одиграна подобра одбрана и тоа отвори шанса за прво водство, па во 20. минута резултатот беше 11:10 во корист на „црвено-црните“ така што веќе работите се изменија, па сега Вардар го диктираше темпото и резултатот додека составот на Пик Сегед мораше да брка приклучок односно израмнување.

Се играше добро во нападот, имаше повеќе идеја, а и одбраната беше на едно солидно ниво. Имаше игра која најавуваше убав резултат така што сè водеше кон убава предност на полувреме. Новата серија од 3:0 во 28. минута донесе предност од 15:12 за Вардар така што ова беше резулат кој даваше уште поголема сигурност.

Предноста можеше да биде поголема, но контрата на Дибиров за плус четири заврши со одбрана на Миклер, а потоа гостите реализира и беа поставени 15:13 на полувреме на овој дуел.

Најефикасен во првиот дел е Дибиров со пет гола, а по два имаат Дисингер, Јотиќ и Чупиќ. Радивојевиќ со четири гола е најефикасниот играч на Пик Сегед.