Вардар заслужи повеќе, но ќе се врати со пораз од Брест

Ракометарите на Вардар имаа добра игра во Белорусија, можеби и најдобра од почетокот на подготовките, но од дуелот со Мешков Брест се враќаат како поразени. Загубија со 22:24, а малку недостигаше да си заминат од ова гостување со два поени.

Во првиот дел имаше различни периоди во играта. Првите десет минути со израмнета игра во која немаше предност ниту на едната ниту на другата страна. Потоа следуваа минути за Мешков Брест. Овој тим успеа да дојде до предност од четири гола и да води со 11:7. Сепак, вардарци успеаја да се вратат и да намалат на два гола.

Имаа шанси на одмор да заминат со негатива и од еден гол, но на паузата беше 12:10 за Мешков Брест.

Вториот дел почна лошо. Мешков Брест многу брзо успеа да ја врати позитивата од четири гола која беше највисока на средбата. Прво се дојде до 14:10, а во 35. минута беше и 15:11.

Ова беше клучниот период во средбата бидејќи тука одбраната на Вардар дојде до израз. Конечно приодите кон голот на добриот Ристовски беа затворени. Неколку украдени топки, неколку запрени напади на противникот и во 43. минута Вардар имаше водство од 17:15.

Иако овие два гола беа загубени, сепак, не се дозволи Мешков Брест да направи пресврт. Искуството на повеќето вардарци беше пресудно и беше направено сè за да се зачува предноста. На почетокот на последните десет минута разликата одново беше да гола, а Вардар имаше 20:18.

Одново предноста беше брзо загубена. Неполни две минути беа доволни за 20:20 и тука стартуваше игра на нерви, игра на еден потег во кој решаваа моменти и нијанси. На 22:21, Вардар имаше напад за предност од два гола кои на нешто повеќе од три минути до крајот ќе дадеа сигурност. Меѓутоа не одеше така како што се планираше, па Мешков Брест одново израмни.

На две минути до крај во акција во која се прекомбинираа, пак, му дадоа простор на ривалот да се врати во средбата и да поведе со 23:22, па ова беше причина Алушовски да побара тајм-аут. Долгата акција заврши со лошо проигрување до Стоилов, а потоа откако не беше пресечена една топка Паниќ стави крај за победа за Мешков брест од 24:22.

16 септември 2020
24 - 22
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
16 септември 2020 19:42 ЛИГА НА ШАМПИОНИ А 2020/2021 16.09.2020 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МЕШКОВ1224Победа
ВАРДАР 19611022Пораз

МЕШКОВ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Иван Пешиќголман00
3Дмитри Санталовлев бек00
4Јахор Буџејкадесен бек00
8Марко Паниќдесен бек07
9Александер Шкуринскилев бек03
12Иван Мацкевичголман00
14Андреј Јуриноклево крило03
20Сташ Скубецентрален бек02
22Вјачеслав Шумакпивот00
25Данила Вјархечјукдесен бек00
33Павел Пачковскидесен бек01
42Арцјом Селвасјукпивот01
55Никита Вајлуповдесно крило06
66Јака Малушцентрален бек01
76Илја Тамашуклево крило00
77Владимир Врањешпивот00
 Вкупно 024

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман00
3Патрик Валчакпивот00
5Стојанче Стоиловпивот00
8Димитар Димитриоскилево крило00
9Гоце Георгиевскидесно крило00
15Кристијан Дисингерлев бек14
18Ловро Јотиќцентрален бек12
21Глеб Каларашпивот11
24Анте Гаџацентрален бек02
27Иван Чупиќдесно крило15
28Филип Талескилев бек00
31Тимур Дибировлево крило02
41Марко Вујиндесен бек06
44Јосип Векиќдесен бек10
77Робин Кантегрелголман00
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 522

Officials

Судии:Делегат:
ЕВЕГЕНИЈ ЗОТИН
НИКОЛАЈ ВОЛОДКОВ
СЕРГЕЈ ХОТ