Вардар губи на полувреме, со минус два на одмор против Пик Сегед

После првите 30 минути екипата на Вардар има негатива од два гола на гостувањето кај Пик Сегед и резултат од 15:17.

Средбата тргна израмнето, но сo серија од 3:0 во 7. минута веќе беше 4:2 за домашните. Вардар се обиде да остане во игра односно да има приклучок, но постојано беше во негатива од 2-3 гола.

Недостигаа одбрани во првите десетина минути, а немаше ниту доволно затворање на просторот така што Пик Сегед лесно доаѓаше до реализација.

Првата одбрана на Ристовски дојде дури во 13. минута, па тогаш се намали и на 7:8. Меѓутоа многу брзо во 16. минута веќе беше 7:11 и Вујовиќ одлучи да го внесе Томовски во игра кој веднаш покажа дека е расположен за игра.

Со неговите одбрани кои за 7-8 минути беа пет, Вардар успеа да се врати во потребниот ритам и во во 25. минута да дојде до израмнување на 13:13. Ова беше големо враќање во натпреварот и доказ дека тука никој не може да се надева на позитивен епилог до крајот од средбата.

Во 17. минута беше забележан и историскиот момент во кој Тимур Дибиров дојде до 1.000 погодоци во Лигата на шампионите. Момент кој се очекуваше на денешната средба.

Последните минути од првото полувреме беа завршени со неколку грешки во нападот, па тоа беше причина тимот на Пик Сегед да има водство после 30 минути игра од 17:15.

Дибиров е најефикасен во Вардар со четири гола, а три има Валчак. По двапати прецизни беа Гаџа и Ѓукиќ, додека Кевин Њокас, Дијало, Стоилов и Оливие Њокас реализирааа по еден пат. Најефикасен во редовите на Пик Сегед е Тонесен со пет погодоци.